-->
-->
Пукање во центарот на Гостивар
-->

За сега непознато лице неколку пати пукалo од пиштол во центарот на Гостивар, во близина на малиот парк. Случајот го потврдија од полицијата, но деталите се уште не се познати, пишува Гостивар пресс.
Според првичните информации од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски пукањето било пријавено во ПС Гостивар во 16.20 часот по што на местото веднаш била испратена полициска екипа. При увидот биле пронајдени неколку чаури испукани од пиштол.
Сега за сега нема пријава за повредени од инцидентот. Се работи на утврдување на поединостите, кој и зошто и кон кого пукал со пиштол среде Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
