-->
-->
Пукање во Арачиново, двајца полицајци повредени, полицијата во потера по двајца опасни криминалци
-->
Денеска околу 17 часот на ул. 1 во с. Арачиново полициски службеници запреле возило „Голф“ во кое се превезувале две лица О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна, соопшти вечерва МВР.
Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник.
Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „Голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М..
На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море