Пукање со пиштол при кавга во кочанското село Пантелеј
Вербална расправија меѓу две лица што се случила вчера попладне во кочанското село Пантелеј довела до меѓусебна пресметка, при што е употребен и пиштол. Според првичните сознанија, а што ги потврди и СВР – Штип, од истрелот од огненото оружје нема повредени лица.
– На 26 април, околу 15.30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека во дворното место од викендичка, сопственост на С.Г. од Кочани настанала физичка пресметка меѓу 61-годишниот З.Н. од селото Пантелеј и 24-годишниот А.Н. од Скопје. Притоа А.Н. испукал куршум од пиштол во вратата од викендичката, но нема повредени, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.
Ново на Сител
-
Судски совет: Судството не било ажурно во првиот квартал, причина малку судии и многу неработни денови
-
Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина
-
Пандев: Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината
-
Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Струмица – Валандово
-
При претрес во Кочани пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Во Келн почна најголемата операција за отстранување бомби по Втората светска војна
-
Гласањето во АФЕТ по извештајот за земјава одложено за 24 јуни
-
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско почина откако удрил во бетонски столб