Пукање синоќа во Штип - Едно лице повредено, напаѓачот во бегство

Едно лице е повредено синоќа во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало.
Пукањето било во угостителски објект, апритоа е повредено едно лице кое е пренесено во штипската Клиничка болница. Напаѓачот кој околу 21 часот застрела млад човек во кафуле на плоштадот во Штип и избегал од местото на настанот и бил гонет од полицијата по автопатот кон Скопје.
Според неофицијалните информации автомобилот бил забележан пред патарината кај скопското село Миладиновци, а бегалецот не запрел на знакот на полицијата и ја пробил рампата продолжувајќи да вози со голема брзина. Полицајците реагирале и отвориле оган кон автомобилот, во обид да го запрат. „БМВ“-то, очигледно оштетено, е пронајдено неколку километри кон Скопје, пред влезот на индустриската зона. Нема информации дали напаѓачот е погоден.
Според неофицијални информации кои ги објавија штипските локални медиуми, напаѓачот, како и жртвата во пукањето, се турски државјани кои студираат во Штип. Ранетиот млад човек е пренесен во болница, а неговата здравствена состојба засега не е позната. Секако повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
