-->
-->
Пукање кај штабот на ДУИ Охрид
-->
Синоќа околу 23 часот на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Воска во Охрид пукано е со огнено оружје во близина на штабот на партијата ДУИ кој е лоциран на оваа улица.
Според првите непотврдени информации пукано е од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдени информации возилото било на случаен минувач и е подигнато за понатамошно вештачење.
Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини , кој е и прв човек на ДУИ во Охрид.
Полицијата ја блокира улицата Гоце Делчев и вршеше увид на местото на настанот до раните утрински часови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Замрзнуваат цените на хигиенските средства, до крајот на недела и на овошјето и зеленчукот
-
Пратенички прашања во Собранието - Се уште нема иницијатива за уставни измени
-
Ковачевски и Османи со повик до ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во формирањето на уставните амандмани
-
Јовески со повик до институциите да дадат поголема поддршка на Јавното Обвинителство
-
Најдобрите студенти на Штипскиот универзитет добија ваучери по 10,000 денари
-
Бајден повторно го повика Конгресот да усвои забрана за огнено оружје
-
Средношколците и МОН постигнаа договор
-
Тема на денот со Нано Ружин