Македонија
17. May 2025 - 13:20

Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе.

Тој претходно од тераса на својата куќа на ул. „Питу Гули“ пукал од воздушна пушка кон неколку деца кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.