-->
-->
Пуџдемон: Каталонците да останат лојални на принципите на пацифизмот
-->
Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да останат смирени пред очекуваните мерки на централната власт во Шпанија по прогласувањето независност.
Обраќајќи им се на стотиците собрани поддржувачи на независноста, кои го наполнија каталонскиот парламент, Пуџдемон истакна дека „во деновите кои следуваат треба да ги задржиме нашите вредности на пацифизмот и нашето достоинство. Во наши и ваши раце е изградбата на републиката".
Пуџдемон рече дека Парламентот го исполнил долго посакуваното ветување за кое се борел и кое кулминираше со мандатот добиен на референдумот за независност на 1 октомври, но забранет од централната власт на Шпанија.
Во парламентот народот ја пееше каталонската химна „Елс Сегадорс" и извикуваше: „Слобода!"
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп
-
Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн
-
Сијарто: Нема да поддржиме членство на Украина во ЕУ, не нè интересира што мисли Москва за тоа
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа