Пуџдемон: Апсењето на двајцата каталонски сепаратистички лидери е многу лоша вест
Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон изјави дека апсењето на двајцата каталонски сепаратистички лидери, по наредба на Врховниот суд на Шпанија, осомничени за антидржавна активност, е „многу лоша вест“.
Пуџдемон го напиша тоа на Твитер, откако шпанскиот Врховен суд минатата ноќ нареди апсење на Жорди Куишарт и Жорди Санчес, против кои се води истрага за противдржавна дејност.
- Тие се обидуваат да ги затворат идеите, но тоа го зголемува стремежот за слобода, напиша Пуџдемон.
Претседателката на каталонскиот регионален парламент Карме Форкадел побара Куишарт и Санчес да се вратат дома, притоа истакнувајќи дека неоправдано се апсат мирни лидери.
По одлуката за притворот на Санчес и Куишарт, кои имаа клучна улога во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1 октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски, во Барселона синоќа беа организирани протести во кои учесниците маршираа низ улиците.
Поради притворот на двајцата сепаратистички лидери за вечерва се најавени протести пред канцелариите на шпанските централни власти во повеќе каталонски градови.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје