-->
-->
Публиката во шок, популарната серија ќе престане да снима
-->
Ѕвездата на ТВ серијата на Нетфликс, „Наркос“ Педро Паскал изјави дека серијата не може да продолжи, се додека студиото не овозможи безбедни услови за работа за целата актерска и техничка екипа.
Неговата изјава уследи по смртта на Карлос Муњоз Портал (37), локален менаџер на сетот, кој беше убиен додека во Мексико барал локација за снимање на четвртата сезона од серијата. Тој бил пронајден мртов во автомобил во едно рурално предградие на Мексико Сити.
Точниот мотив на убиството, официјално, се уште не е познат, но подрачјето во кое се случило убиството, е познато по високата стапка на криминал.
- Не можеме да снимаме, доколку нашите животи не се безбедни. Ако сакаат да продолжат со снимањето, тоа ќе мора да биде безбедно, рече Паскал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип