Публикација за свети Клименти Охридски од Стојан Савески
„Свети Климент Охридски-Patronus Civitatis“ е новото делот на новинарот и публицист Стојан Савески, што излезе од печат во чест на јубилејот 1.100 години од упокојувањето на светителот.
За Савески било предизвик да ја направи публикацијата, која уште ја нарекува мапа на најзначајните портрети што ги обележуваат православните храмови.
- Во публикацијата се опфатени сегменти од животот и делото на свети Климент. Акцент е ставен врз неговите портрети од 11 век, а завршува со творештвото на Дичо Зограф, сликар на икони и фрески од 19 век, кој во многу свои дела го слика светителот. Користена е литература од проучувањата на академик Цветан Грозданов, но и други домашни автори и проследувачи на охридскиот живопис..., информира Савески.
Ликот на светителот, како што вели авторот, речиси 10 векови ја одбележува уметноста на Балканот. Во публикацијата се наведени сознанија за светителот, кој обединувал преку верата, писменоста и широкиот творечки опус.
- Од раното византиско сликарство, со портретот од црквата „Света Софија“ од 1045 година, преку ренесансата, па се до преродбата во Македонија, односно модернизмот во Европа, неговиот лик е присутен во фрескосликарството и иконописот во Јужниот Балкан. Од крајните западни предели на Албанија, од манастирот Арденица, преку Берат и Москополските светлишта, во скоро сите храмови во Македонија, на југ до Света Гора (Манастир Протанон) во Грција, на исток до Разлог и на север до Крагуевац е насликан „Светилникот на Словенското население“, појасни Савески.
Дел од охридските архиепископи, кои го проучуваат животот и делото на свети Климент, посочи дека го нарекувале „најголемиот научник маж“ и со неговиот опус од над 40 дела од разни научни дисциплини го изедначувале со свети апостол Павле.
Публикацијата е во издание на охридската библиотека „Григор Прличев“, со поддршка на програмата за проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст