Публикација за градбите во главниот град „101 Објект во Скопје“

Продуцентската куќа „Трето уво“ објави публикација „101 Објект во Скопје“ - монографија за највпечатливите градби во главниот град - од старо Скопје до најнови објекти. Изданието е луксузно печатено, има 220 страници со фотографии и текст на македонски и на англиски јазик. Во состав на книгата е и ДВД во кое градбите се прикажани снимени од воздух со дрон.
Градбите во монографијата се поделени во категориите: Национални институции, Музеи, Административни објекти, Комерцијални објекти, Старо Скопје, Религиски објекти, Станбени згради, Спортски објекти, Образовни институции, Комплекси и Катни гаражи.
На денешната промоција Иво Јанковски од „Трето уво“ рече дека книгата е создадена по примерот на слични книги за зградите во големите метрополи, како Њујорк, Токио, Лондон, Париз, а 101 е симболично избран број зашто Македонците, како што рече, го користат во секојдневниот говор со значење на долговечност и бесмртност. Публикацијата ги презентира познатите згради, но и многу нови објекти.
- Скопје е еден од ретките, а можеби и единствен град каде неговите жители не се ориентирани по имињата на улиците, како што е вообичаено во цел свет, туку по популарните згради во него. За секоја зграда покрај фотографија има податоци за архитектот и годината кога била пуштена во употреба. Нема амбиција да биде архитектонски алманах или водич низ Скопје. Единствена цел е да се направи пресек на естетиката на Скопје преку неговите згради, систематизирани во неколку категории. Иако е наменета, во прв ред, за странски посетители, таа во исто време ја збогатува и сопствената свест за градот во кој живееме но, за жал, не забележуваме колку забрзано се менува, рече Јанковски.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека читателот со ова издание добива можност да проникне во формите и творечката оригиналност на архитектонските дела кои, како што рече, говорат за градителската традиција уште од 4 век од нашата ера. Според неа, целокупната приказна за архитектонското богатство на Скопје во книгата е заокружена со капиталните објекти кои, рече таа, му недостасуваа на нашиот град и кои се изградија во изминатите пет години.
- Публикацијата „101 Објект во Скопје“ е своевиден времеплов кој не подучува дека нашето Скопје е град со традиција, особеност, град со автентичен дух и со сопствен архитектонски израз, град со идентитет. Таа е вреден артефакт за сите нас, но и репрезентативен подарок за секој посетител кој сака да ја посети престолнината на современата македонска држава и да се запознае со нејзината вековна историја, рече министерката за култура.
Публикацијата, во чие создавање биле вклучени триесетина креативци, ќе биде во продажба во книжарниците низ Македонија.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
