Фудбал
8. October 2024 - 9:31

ПСЖ заинтересиран за Едерсон

Британскиот весник „Daily Mail“ пренесе дека  Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер Сити, Едерсон.

Според весникот, управата на ПСЖ може следното лето да потпише договор со 31-годишниот бразилски голман, а потоа да го продаде Џанлуиџи Донарума.

Едерсон брани за Манчестер сити од јули 2017 година. Во сезоната 2024/25, тој бранеше на девет натпревари, прими девет  гола и два пати ја сочува мрежата чиста.

Според порталот „Трансфермаркт“, вредноста на голманот е 35 милиони евра.