ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
Пари Сен Жермен ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а во моментов нема информации дека Египќанецот е блиску до нов договор со „црвените“.
Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да го убедат Салах да се приклучи на локалната лига, но според „Сан“, 32-годишниот напаѓач претпочита да остане да игра на највисоко ниво во Европа.
Пари Сен Жермен планира да му понуди тригодишен договор, што е долг договор за играч на негова возраст. Сепак, Салах од почетокот на сезоната покажа дека се уште е во врвна форма, а на „Парк де Пренс“ веруваат дека вака ќе биде уште неколку години.
Според „Сан“, раководството на ПСЖ сака да донесе нова голема светска ѕвезда откако клубот во последните години го напуштија Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.
Салах има постигнато пет гола на девет натпревари од почетокот на сезоната. Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул сепак ќе му понуди нов договор, но тешко дека под финансиските услови со кои ПСЖ и клубовите од Саудиска Арабија ќе го примамат.
Ново на Сител
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец