ПСС Рејсинг со трофеј освоен од Џиролами ја стартува новата сезона
Возачот на ПСС Рејсинг, Франко Џиролами освои трето место на првенството на Европа за возила со ТЦР хомологација, и на македонскиот тим по втор пат на отворањето на сезоната му носи трофеј во првиот Гран при викенд одржан во Словачка.
Минатата сезона, неговиот постар брат, афирмираниот победник на трка од светското првенство, Нестор Џиролами, во услови кога на Давидовски не му беше дозволен влез во Франција за трката од ТЦР Европа, со неговиот автомобил освои второ местол на патеката „Пол Рикар“, во близина на Марсеј, на југот од Франција.
Дека успехот на Франко Џиролами е за почит, говорат фактите: во втората трка победи актуелниот шампион и бранител на тронот, Меди Бенани, додека второто место го освои шампионот од 2018 година (и победник на првата трка викендов), Микел Аскона.
– Ова беше фантастична трка, а јас навистина уживав во целиот гран при викенд. Мошне сум благодарен на „ПСС Рејсинг“ и на „ЈАС Моторспорт“ за нивната поддршка и што ми ја овозможија оваа шанса да го освојам овој фантастичен резултат. Ова ќе не остави во игра за следната трка, која се надевам дека ќе биде уште подобра за нас,- сублимираше Џиролами.
Следниот гран при викенд ќе се случи во последниот викенд овој месец, поточно на 29 и 30 мај, кога се возат двете трки на патеката „Пол Рикар“ во Франција.
Ново на Сител
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот