ПСК ,,Голак” ја заврши маркацијата на планинарската патека ,,Средна”

Планинарскиот-спортски клуб „Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека „Средна”, со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина Делчево. Како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак”, кој заедно со уште неколку членови ја маркираа патеката, истата е во должина од 12 километри и се простира на потегот од село Нов Истевник до село Разловци.
-Патеката почнува од село Нов Истевник (Балабанска Маала), продолжува преку Истевнички Кукуље на 880 метри надморска висина, врвот Бејаз Тепе (Бела Планина), се до село Разловци кое се наоѓа на 690 метри надморска висина. Една интересна патека во вкупна должина од 12 километри, која е препорачлива за сите планинари, авантуристи, вљубеници во природата, собирачи на печурки и чаеви, вели Чучуковски.
Како што додаде, проектот е комплетно финансиран од Општина Делчево.
-Во наредниот период ќе се уредува туристичкиот локалитет Истевнички Кукуље. За реализација на овој проект за кој имаме финансиска поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, предвидено е подготвување потребна инфраструктура за една ваква атракција и тоа во форма на придружни објекти (фото-летниковци, маси, клупи, канти за отпад и др.), како и инфо табли со основните податоци од локалитетот, додаде Чучуковски.
За промоција на „Истевнички кукуље” согласно со проектот предвидено е изготвување на печатена брошура за туристичкиот локалитет, како и негово ставање во програмите на туристичките субјекти, како готов туристички производ на општина Делчево.
Ново на Сител
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
