Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани
Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период.
-Почитувани семејства на жртвите и повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани. Со длабока тага ја примив веста за загубата на вашите најблиски и за бројните повредени во оваа трагична случка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со вас. Ви изразуваме најискрено сочувство и ја споделуваме вашата болка. За сите оние кои чувствуваат потреба од психолошка поддршка по оваа трагедија, Психијатриската Болница е отворена и подготвена да ја понуди неопходната помош. Ве охрабруваме да побарате поддршка за полесно да го надминете овој тежок период, наведува Авдулаи во објавата на Фејсбук.
Според последните официјални информации, во пожарот што изби во дискотека во Кочани синоќа загинале 59 лица, а 155 се повредени.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија