-->
-->
Првото полувреме за Македонија, победата за Литванците
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија по четирите победи го запиша првиот пораз во подготвителниот период. Македонските кошаркари на турнирот во Литванија загубија од домаќинот со 62:68 (17:11, 15:16, 18:15, 26:12).
Избраниците на селекторот Србиновски против Литванците го контролираа натпреварот и имаа предност 35 минути, но потклекнаа во финишот кога промашија неколку отворени шутеви и направија три технички грешки.
Решавачки за победата беа подобриот шут за два поени на Литванците и двете загубени топки повеќе на македонската репрезентација.
Војдан Стојановски со 14 поени ја предводеше Македонија, додека двоцифрени беа уште и Самарџиски со 13, Костоски со 11 и Симоновски со 10 поени.
Македонските кошаркари на турнирот во Литванија в среда ќе играат против Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“