Прво тестирање на камерите на Galaxy S20 Ultra

Една од најинтересните карактеристики кај Galaxy S20 серијата, особено кај S20 Ultra, е системот камери и функциите со кои доаѓаат. Меѓу овие функции е и 100x Space Zoom:
Galaxy S20 Ultra е фаворит на голем дел од Android фановите. Овој премиум уред има голем, 6.9 инчен дисплеј со резолуција од 1440 x 3200 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос. Работи на Snapdragon 865 во Америка или Exynos 990 во Европа. Има 12GB RAM и 256GB меморија, а достапна е и верзија со 16GB RAM и 512GB меморија. Батеријата е со капацитет од 5000 mAh.
Како што рековме, највозбудливиот дел се камерите. Системот камери на задната страна има нов дизајн и нови сензори. Од нив, главниот е од 108 мегапиксели. Заедно со него е присутен и втор сензор кој е од 48 мегапиксели и има функција наречена 100x Space Zoom. Има и 12 мегапикселна ултра широкоаголна камера, како и ToF сензор.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
