Прво прикажување на „Медена земја“ во Љубљана
Во присуство на дел од политичкиот врв и амбасадори, во словенечката кинотеката во Љубљана се одржа проекција на „Медена земја”.
Македонскиот документарен филм, кој има двојна номинација за „Оскар”, ја наполни салата во кинотеката и побуди голем интерес кај публиката која имаше можност за прв пат да го види документарецот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
На проекцијата, која беше дел од фестивалот „балКам”, присуствуваа претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан, генералната секретарка на Собранието Уршула Зоре Тавчар, француската амбасадорка Флоренс Ферари, заминик амбасадорката на САД Сузан Фалатко, грчкиот и црногорскиот амбасадор и многу други гости.
Веста дека документарен филм од земјава, за прв пат во историјата на Оскарите има двојна номинација, не остана незабележано во словенечките медиуми кои пишуваа за големиот успех.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои