Прво финале за Алкараз на Австралија опен

Првиот носител на Австралија опен Шпанецот Карлос Алкараз успеа да се избори за своето прво финале откако по речиси 5,5 часа игра го совлада со 3:2 во сетови Германецот Александер Зверев. Ова беше најдолгото полуфинале во кое три сета завршија во тајбрејк, а Зверев испушти шанса за триумф откако сервираше за победа.
Алкараз поведе со 2:0 во сетови откако ги доби првите два со 6:4 и 7:6 (5), пресврт се случи во третиот сет кога Зверев намали со 2:1 добивајќи го сетот со 7:6 (3). Во третиот и четвртиот сет Алкараз имаше и здравствени проблеми (повраќање и доби масажа од физиотерапевт). Тоа го искористи Зверев и го доби четвртиот сет во тајбрејк со 7:6 (4). Во решавачкиот сет Зверев направи брејк и имаше постојано предност и во десеттиот гем сервираше за победа, но Алкараз успеа од изгубена позиција и негатива од 4:5 да ги добие следните три гема и со тоа сетот 7:5 и мечот.
Во второто полуфинале ќе играат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.
МИА
Ново на Сител
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
