Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
