Првите снимки од бруталниот напад на Сирија: Вака цела ноќ грмеше над Дамаск
САД, Велика Британија и Франција рано изутрината извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума.
Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс.
Станува збор за лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оржје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град.
Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.
Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во три часот по средноевропско време, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција (на САД) со вооружените сили на Франција и Велика Британија“.
Трамп истакна дека операцијата „против варварството“ ќе трае „онолку долго колку што ќе биде потребно“, се додека Сирија не престане да користи хемиско оружје.
Според него, при акцијата се нанесени прецизни напади врз „објекти од програмата за производство на хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар Асад“.
Ново на Сител
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија
-
Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија
-
Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
-
Сончево и многу топло, до 40 степени