Првиот контингент американски војници за вежбата „Дифендер 21“ пристигна во Тирана
Во Тирана пристигна првиот контингент американски војници од Националната гарда на ЊУ Џерси, кои ќе учествуваат на големата воена вежба „Дифендер 21“.
Војниците на аеродромот во Тирана ги пречека амерканската амбасадорка Јури Ким.
Тие ќе и помогнат на Албанија во подготовките за прием на два хеликоптери УХ-60А Блекхоук (UH-60A Blackhawk) од САД и исто така ќе спроведат обука за подготовка на албанските вооружени сили за вежбата „Дифендер 21“, пренесува Топ чанел телевизија.
Според амбасадорката Ким, вежбата „Дифендер 21“ ќе ја тестира и зајакне способноста на сојузниците за брзо распоредување, тешка борба и победа.
-Горда сум што им посакав добредојде на американските војници, кои пристигнаа да и помогнат на Албанија додека се подготвуваме за најголемата мултилатерална воена вежба предводена од САД во Западен Балкан. „Defender21 ќе ја тестира и зајакне способноста на сојузниците за брзо распоредување, тешка борба и победа, напиша Ким на објава на страната на амбасадата, постирајќи фотографии од прситигнувањето на војницте.
Големите воени маневри ќе почнат на 26 овој месец, ќе ги раководи американската војска, ќе учествуваат неколку илјади војници од земјите членки на НАТО, 10 воени бродови, 18 авиони, 19 хеликоптери, 6 ракетни системи од типот Патриот и 1.000 возила.
Останатите американски и војниците од другите земји ќе прстигнат во Албанија неколкудена пред почетокот на маневрите.
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?