Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“
Началникот на Генералштабот на белгиските Вооружени сили, воздухопловниот генерал Фредерик Вансина ја повика Владата на Белгија да прогласи „кризна состојба“, со што ќе се овозможи поефикасна и побрза набавка на воена опрема и оружје.
Вансина во интервју за весникот „Хет Лацте Њуз“ оцени дека во услови кога „расте заканата“, потребно е белгиската Влада да ја дефинира таквата состојба како „криза“, за да се овозможи преземање на низа мерки што не би можеле да се преземат во мирно време.
– Или е војна или мир. Но, денес се наоѓаме во ситуација нешто помеѓу, во хибридна состојба каде што заканата се зголемува, изјави белгискиот генерал.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Белгија и останатите западни земји ги вршат одбранбените набавки како во мирновременски услови, додека рускиот претседател Владимир Путин набавува оружје и воена опрема како во состојба на војна.
– Од неговите фабрики деноноќно излегуваат тенкови, авиони и топови, додека ние мора да се сочуваме со сложените и долготрајни процедури за јавни набавки, истакна Вансина.
Тој оцени и дека го разбира инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбраната од страна на европските членки на НАТО и Канада.
– Не можам да го обвинам Доналд Трамп. Зошто 350 милиони Американци треба да плаќаат за безбедноста на континент од 550 милиони луѓе?, изјави белгискиот генерал во интервјуто.
Европската Комисија веќе презеде мерки што би им овозможиле на земјите од ЕУ да ги зголемат трошоците за потребата на одбраната, а подготви и план за заеднички одбранбени набавки на членките и државите партнери на Унијата
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари