Први разговори на Единбург и Лондон за Брегзит
Британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон разговараше во Единбург со претставници на шкотската влада околу излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
Во разговорите станало збор за намерата на Лондон, шкотската влада да биде вклучена во подготовките за преговорите со Брисел околу раздружувањето на Британија и ЕУ.
Ова се првите директни разговори на британската и на шкотската влада околу Брегзит, по референдумот од 23 јуни, на кој мнозинството од Британците се определија за напуштање на Унијата.
Во Шкотска, меѓутоа, големо мнозинство од гласачите- 62 : 38 гласаа против Брегзит и за останување на нивната земја и Британија во ЕУ.
По разговорите, министерот Лидингтон изјави дека „не верува во можноста Шкотска да обезбеди специјален договор со Брисел“ за да остане дел од ЕУ, иако Велика Британија ќе биде надвор од Унијата.
Според британскиот министер, постои јасна правна позиција за тоа дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ.
Тој признава дека му жал поради таквиот развој на работите, но вели дека резултатот од референдумот мора да се почитува.
- Британија мора да замине (од ЕУ) пред вие да може да барате да останете во Унијата. Освен тоа, Шпанија веќе се огласи дека нема да дозволи еден таков статус на Шкотска, рече Лидингтон во Единбург.
Шкотскиот прв министер Никола Старџен ги отфрли ваквите толкувања на британскиот министер за Европа.
- Сериозно преурането би било отфрлањето на која било опција за Шкотска, изјави Старџен.
Таа потсети дека Шкотланѓаните гласаа за останување во ЕУ, па дека таа ќе стори се што треба за да се испитаат сите можности околу тоа.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта