Први испораки на холандски и дански Ф-16 во Украина околу Нова година
Холандија и Данска ќе испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, а првите испораки ќе бидат реализирани околу Нова година, најавија премиерите на двете земји членки на НАТО кои ги посети украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски ја нарече одлуката значаен договор, велејќи дека тоа ќе помогне во зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Украина, како и во контраофанзивата против руската инвазија.
Данска ќе испорача вкупно 19 авиони, а првите шест треба да и бидат испорачани на Украина околу Нова година. Потоа осум ќе бидат испорачани во 2024 година и уште пет во 2025 година, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
- Знаеме дека вашата слобода е наша слобода, а знаеме и дека ви треба повеќе оружје. Затоа, објавуваме дека донираме 19 борбени авиони Ф-16 на Украина, рече Фредериксен на заедничката прес-конференција одржана со Зеленски во данската воздухопловна база Скридструп.
Холандија располага со вкупно 42 авиони Ф-16, но допрва треба да се одлучи дали сите ќе бидат донирани, изјави холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на Зеленски на неговата земја.
Во изминатите неколку месеци, Холандија и Данска ги водеа меѓународните напори за обука на украински пилоти да управуваат со авиони Ф-16 и на крајот да им ги донираат за да можат Украинците .
- Главното прашање за Украина е авионите Ф-16 со цел да се заштити нашиот народ од рускиот терор. Стануваме посилни, објави претходно Зеленски на Телеграм.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
