Први евакуации од бунтовнички кварт во Дамаск
Сириските бунтовници и нивните семејства почнаа да го напуштаат делот од Дамаск што е под контрола на опозицијата, со што сириската Влада се доближува до преземање на целата престолнина.
Државната телевизија, повикувајќи се на гувернерот на провинцијата Дамаск, јави дека првиот бран од 1.022 лица, меѓу кои и 568 борци, вчера го напуштиле квартот Барзех, а евакуацијата ќе трае пет дена, пренесоа денеска француските медиуми.
Евакуираните бунтовници ќе заминат во провинцијата Идлиб, во раце на опозицијата, која се уште е доминантна на северозапад од земјата.
Спогодбата за евакуација беше постигната во неделата вечерта.
Евакуацијата од Барзех почна во понеделникот, неколку дена откако подржувачите на сириската Влада - Русија и Иран - и Турција, која ги поддржува бунтовниците, ја потпишаа спогодбата за „зоните за деескалација“ во кои владата и опозицијата ќе ги прекинат непријателските дејствија.
Спогодбата за евакуација на Барзех е слична на спогодбите за евакуација на териториите што се во раце на опозицијата и на другите места во Сирија, што ќе овозможи безбеден премин на бунтовниците во замена за нивното предавање.
Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем, вчера одби било каква улога на ОН или на меѓународните сили во надгледување на овие зони
Неколку часа подоцна, ОН ја најавија новата рунда мировни преговори за Сирија, која во Женева ќе почне на 16 мај.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга