-->
-->
Првенец на Салах за триумф на Ливерпул
-->
Мохамед Салах, конечно, го постигна својот прв гол во Премиерлигата оваа сезона, но во совршен момент, за да ги предводи Ливерпул до охрабрувачка 1:0 победа над Манчестер сити за најава за враќање на „црвените“ на вистински пат по лошиот старт на сезоната.Манчестер сити, како и секогаш под Пеп Гвардиола, има повеќе од играта и од поседот на топката, но Каталонецот остана со неславен рекорд на „Енфилд“ доживувајќи го првиот лигашки пораз во Англија по 21 меч, за да останат на четири поени зад изненадувачките лидери Арсенал, додека Ливерпул се враќа во топ 10.
Сити беа први кои ја сместија топката во мрежата, откако Фил Фоден во 53. минута се најде на вистинско место по асистенцијата на Ерлинг Халанд, но судијата Ентони Тејлор реши да го поништи голот поради претходен фаул на големиот Норвежанец. „Опсадата“ на голот на Ливерпул продолжи, но „црвените“ дојдоа до голот, кога Мохамед Салах во 75. минута со фантастичен продор успеа да се запише во листата на стрелците.
Борбата на теренот стана многу жестока, со повеќе жолти картони, а Јирген Клоп доби и црвен картон откако му се внесе во лице на линискиот судија бесен на една одлука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
