Првата жртва на нападите е мајка на близначиња – овие лица се водат за исчезнати
Двајца студенти од Америка и маж од Велика Британија се водат како исчезнати во хоророт кој се случи во Брисел, кога вчера одекнаа три силни експлозии.
Siblings Sascha и Alexander Pinczowski се наоѓале на аеродромот во Брисел каде одекнаа првата и втората експлозија. Тие повеќе ниту се видени, ниту се слушнати по страшните терористички напади. Според германските медиуми, тие зборувале на телефон кога се случил хоророт. Во моментот на експлозијата врската се прекинала и од тогаш им се губи секаква трага.
David Dixon, од Велика Британија, е последен пат виден на метро станицата каде по експлозиите на аеродромот, одекна третата експлозија. Тој тргнал на работа вчера утрото и од тогаш му се губи трага.
Рано утринава, првата жртва на нападите која е идентификувана е жена од Перу, инаку мајка на три годишни близначиња. Adelma Tapia Ruiz е првата жртва идентификувана на нападите на аеродромот синоќа.
Sabrina Fazal од Белгија исто така не е видена по страшните напади, а во тој период била на метро станицата.
Olivier Delespesse е еден од исчезнатите за време на хаосто во Брисел.
Во нападите загинаа 31 лице, а повеќе од 200 се повредени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени