Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.
На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.
Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.
Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.
Ново на Сител
-
Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Појасот Газа
-
По обидот за атентат најверојатно ќе се зголеми рејтингот на Трамп
-
Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола
-
Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки
-
Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија
-
Герапетритис: Новиот политички и државен врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа
-
Лишен од слобода жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет
-
Мицкоски го осуди обидот за атентат врз Трамп