-->
-->
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-->
На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на екипи од 12 на 10 во Првата лига за сезоната 2026/27.
- Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ, соопшти ФФМ.
Нов систем за натпреварување по две години ќе има и во Втората лига, како и Третите регионални лиги.
Исто така, Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз