Свет
24. May 2024 - 10:06

Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16

Првата група воени пилоти од Украина поминаа обука за Ф-16 во воена база во Аризона. Ова го соопшти портпаролката на ВВС на американската Национална гарда, Ерин Ханиган, пренесе Политико.

„Пилотите беа на обука во 162-та база на воздушната национална гарда во Тусон“, рече Ханиган.

Портпаролката не прецизираше колку украински воен персонал бил дел од групата, наведувајќи го почитувањето на оперативните безбедносни барања.

Украинските пилоти сега се упатуваат кон Европа на дополнителна обука.

Според Политико, Украина планира да добие повеќе од 60 авиони Ф-16 од Норвешка, Данска, Холандија и Белгија.