Прва жртва од невремето во Хрватска
Жена го изгуби животот откако се oбидела сама да го поправи кровот од својата куќа оштетен од силниот ветер. Несреќата се случила во хрватското гратче Нашице во близина на Осијек, јави дописникот на МИА.
Локалните медиуми пишуваат дека 63-годишната жена е првата жртва на невремето кое ја зафати Хрватска.
– Во подрачјето на нашата општина невремето направи големи проблеми. Oштетени се поголем број стамбени и деловни објекти, како и многу автомобили – изјави Зоран Кон, портпаролот на локалната полиција.
Поради силниот ветер неколку товарни возила се превртија на патиштата во јужниот дел на земјата. Во местото Грачац, неколку стотици камионџии останаа заглавени во своите возила, бидејќи поради силниот ветер не можеа да го продолжат патот.
Проблеми имаше и при нормалното одвивање на бродскиот сообраќај.
Во многу делови во Хрватска се пријавени штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина
-
Леклер: Не сме доволно брзи и покрај подобрувањата на болидот
-
Богојески најави тужби против правни и физички лица, тврди дека создавале лажни профили со негов идентитет
-
Санација на коловозот на улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје
-
Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил
-
Доминиканската Република објави извештај за уривањето на покривот во ноќен клуб
-
Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа
-
Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом