Прва специјализирана паралелка во „Михајло Пупин“, најдобрите ќе се вработат

Во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје започна школската година за првата генерација ученици во специјалната ЕВН паралелка.
За оваа паралелка креирана е специјална наставна програма која ја подготвија тимовите на училиштето, експерти од ЕВН Македонија и Министерството за образование. Учениците ќе стекнуваат знаење од областа на електротехниката и во нова целосно опремеа училница за нивните потреби.
Со оваа паралелка почна и процесот на дуално образование кое треба да создаде обучен специјализиран кадар кој веднаш по завршувањето на образованието ќе биде подготвен да работи во ЕВН.
- Ова е денот кој долго го очекувавме. Сите напори и идеи конечно добија епилог, рече Штефан Петер, претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија, при посетата на училиштето по повод почетокот на функционирањето на специјалната паралелка.
Тој додаде дека почнува учебната година за 20-тина млади луѓе кои треба да се стекнат со вештини и знаење кои ќе им го отворат патот до работното место.
- Дваесетте најдобри во 2020, кога ќе го завршат своето образование, ќе бидат веднаш вработени и ќе заработуваат почетна плата од 20.000 денари. Денес им посакуваме успешен почеток и им порачуваме да се посветат на учењето, да покажат резултати, да се поддржуваат меѓу себе, да научат да работат тимски, да соберат знање и теоретско и практично и по три години ги очекуваме во нашата компанија, истакна Петер.
Директорот на СЕТУГС „Михајло Пупин, Ефтим Пејовски изрази благодарност за подршката која ЕВН Македонија ја дава на електротехничкото училиште и образовниот процес во нашата земја.
- Тимот на професори, претставници на Министерството за образование и експерти од ЕВН цело лето работеа на усогласување на наставната програма според потребите на учениците, училиштетето и компанијата, посочи Пејовски.
Според него ова е можност за младите луѓе која што никој досега ја нема понудено.
- Од денес се менува образовниот процес во Македонија. Првпат се создава услови за образовен процес кој ке продуцира кадар кој веднаш по образованието може да работи во стопанството. Ова е единствена можност, да се запишете во училиште, успешно да го завршите и да ве чека работно место со добра плата во еминентна компанија како што е ЕВН е сон на многу деца и родители, истакна Пејовски.
Во новиот кабинет, според новата специјално дизајнирана програма која е усогласена со Министерството за образование на РМ, ќе се обучуваат идните електричари и електромонтери. Целта е подготовка на ученици кои ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование. Ова се принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што е веќе успешна приказна во Австрија, Германија и Швајцарија.
Ново на Сител
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
