Македонија
5. May 2016 - 13:05

Прва проба – Вака звучи „Дона“ на сцената во Стокхолм

Калиопи и евровизискиот тим пред неколку дена пристигнаа во Стокхолм, Шведска, каде годинава ќе се одржи 61. издание на „Евровизија“.

Во „Ериксон глоуб“ арената веќе се одржаа и првите проби за фестивалот кој почнува на 10 мај. Македонскиот тим настапува во второто полуфинале, на 12-ти, а големото финале е два дена подоцна.