Прва МФЛ: Пораз на Вардар, дербито во Струмица без победник
Екипите на Вардар и Гостивар ги сменија позициите на табелата откако гостите остварија значајна победа од 2-0 на теренот во Маџари.
Резултатот го отвори Ларне Кехинде во 31-та минута по што Вардар се обидуваше да го израмни резултатот но безуспешно по што Гостивар со голот на Гоба на две минути пред крајот го постигна и вториот погодок на оваа средба за гостинскиот тим .
Многу возбудувања имаше во Струмица каде се играше дербито на колото.
Силекс поведе со погодокот на Марко Ѓорѓиевски во 25-тата минута а имаше и шанса за повисоко водство но Дарко Анѓелески не успеа да го совлада домашниот голман Алчески.
По исклучувањето на Ристовски , Брера ја превзеде иницијативата и преку Трајков во 76-тата минута успеа да го избегне поразот.
По осумте одиграни кола Брера останува на третата позиција со бод повеќе од Силекс кој е четврти додека на првите две места се Шкендија и Шкупи.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар