Loading Video...
Фудбал
20. September 2020 - 19:53

Прва МФЛ: Победи на Борец, Шкендија, Шкупи и Пелистер

Борец го изненади Силекс на теренот во Кратово и во натпревар со пресврти славеше со 2-1. Клучен момент на средбата беше пеналот што не го реализира Тантурновски за домашниот тим при резултат 1-1 по што гостите постигнаа гол за победа во последните секунди од средбата. 
Екипата на Пелистер забележа нова победа  овојпат во Струмица против фенерџијата Беласица и најави скок во горниот дел на табелата. 
Битолчани беа подобар противник  и со головите на Нето во 10-тата и Фазлиу во 60-тата само ја продлабочија кризата кај струмичани кои и натаму се без освоен прволигашки бод. 
Шкендија продолжува со победите на меѓународната и домашната фудбалска сцена. Овојпат лидерот на табелата ја совлада Академија Пандев со 2-1 и потврди дека е подготвен за дуелот со Тотенхем наредниот четврток. 
Творец на победата беше Бесарт ибраими кој ги постигна двата гола за домашниот тим додека гостите од Струмица почесниот погодок го постигнаа преку Сашко Пандев. 
Голеада на Чаир каде Шкупи славеше против Ренова со 4-3 со голот на Нето во последните моменти од средбата. Претходно екипите бркаа резултатска предност  и до крајот на првиот дел резултатот гласеше 2-2. 
Ренова конечно поведе со 3-2 со голот на Велиу на почетокот на вториот дел но експресно израмни Јусуфи за да конечните 4-3 Шкупи ги обезбеди во последните секунди од средбата.