-->
-->
Прва МФЛ: Победа на Шкендија во Скопје
-->
Во последниот меч од 24.коло во ПМФЛ, попладнево на Автокоманда, Шкендија со 0:2 славеше против домашниот состав на Скопје.
Гостите од Тетово иако против себе имаа борбен противник кој играше на картата да освои барем бод против фаворитот сепак на крајот се радуваа на значајни три бода во битката за врвот во прволигашката конкуренција.
Мечот го решија ударите од далечина и токму во таква ситуација Шаља го отвори резултатот во 22м. Со прекрасен гол од 20-тина метри.
До крајот на првиот дел се играше отворено од двете страни но до промена на резултатот не дојде.
Се беше решено кога Шкендија со погодокот на Чинари во 78-та минута зголеми на 2-0 со што го искористи киксот на Шкупи и му се доближи само на бод на шампионот кој е на второто место на табелата.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА-24.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 1:1
(Велиновски (п) 79./Маргвелашвили 30./)
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1:5
(Јованов 47./Рамани 7., Серафимовски 44.. Манасиевски 74., Ѓорѓиевски 90.. 90+2.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА 0:1
(/Малески 28.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
(/Фазли 67.)
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-2
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 1:1
(Велиновски (п) 79./Маргвелашвили 30./)
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1:5
(Јованов 47./Рамани 7., Серафимовски 44.. Манасиевски 74., Ѓорѓиевски 90.. 90+2.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА 0:1
(/Малески 28.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
(/Фазли 67.)
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-2
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед
-
Македонските ракометарки поразени од Полска во првиот меч од баражот за пласман на СП 2025
-
ПСЖ и Барселона остварија домашни победи во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите
-
ДУИ: Назначувањето на Богојески за директор е провокација за Албанците во Северна Македонија
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
-
Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине
-
Шокантниот пресврт на Трамп со царините ја фокусираше трговската војна на Кина
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови