Македонија
10. April 2025 - 9:55

Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине

Раде Врчаковски - Врчак се огласи за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани.

Тој вели дека последната песна со починатиот Андреј од групата ДНК ја снимиле само неколку дена пред истиот да почине, а сега ја пуштил да ја слушне повторно.

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“, пишува Врчак.