Прва македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“
„Културен мост“ е насловена првата македонско-грчка ликовна колонија што почнува денеска во Струга, во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје.
Пет македонски сликари, шест познати уметници од Грција и тројца млади стружани ќе имаат можност да ја искажат својата креативност, а нивните дела бидат изложени на 6 јули во Чифте Амам во Скопје.
Целта на колонијата, која ќе трае до 5 јули, е воспоставување, развивање и продлабочување на културната соработка и пријателство меѓу уметниците од Македонија и Грција. Иницијативата е на здружението „Концепт“, а учесниците покрај во Струга ќе имаат можност да уживаат во убавините на Калишта, Радожда, Вевчани, Охрид и кањонот Матка.
На колонијата ќе учествуваат македонските уметници Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Шќипе Мехмети, Исмет Рамиќевиќ, Натали Николовска, како и Ангелос Скуртис, Антигони Каввата, Ели Гравалу, Корнилиос Граменос, Марк Хаѕипатерас и Харалабос Кацацидис од Грција.
Ликовната колонија „Културен мост“ е поддржана од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка