Фудбал
12. March 2017 - 10:04

Прва лига: Вардар - Брегалница (пренос Сител 3) - 14 часот

Дербито на 22.то коло од Првата фудбалска лига меѓу третопласираниот Пелистер и четвртиот на табелата Работнички ќе се одигра попладнево во Охрид. Во Скопје се играат два натпревара: шампионот Вардар е домаќин на последнопласираната Брегалница. Пренос од овој дуел ќе можете да проследите на програмата на СИТЕЛ 3. На стадионот Чаир Шкупи е домаќин на Ренова.
Во Кратово Силекс ја пречекува Македонија ЃП, додека Шкендија во Тетово е домаќин на Победа.
Почетокот на сите натпревари е во 14 часот.
Табела: Вардар 47 бодови, Шкендија 41, Пелистер 36, Работнички 33, Ренова 28, Силекс 28, Победа 19, Шкупи 18, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.