-->
-->
Прва лига: Триумф на Фени Индустри во Струмица
-->

Кошаркарите на Фени Индустри славеа убедлива победа со 85:53 синоќа на гостувањето кај Струмица во натпревар од 7.коло на Првата македонска кошаркарска лига.Со новите два бода кавадаречкиот клуб сега се проби на третото место на табелата, додека Струмица останува претпоследна со две победи и пет порази.
Фени И. до четвртата победа ја предводеа, Кирил Николовски со дабл-дабл учинок од 25 поени и 18 скокови, како и Пековиќ кој покрај 14 поени имаше и 12 скокови.
Оваа рунда во домашното првенство ќе биде комплетирана вечерва (19 часот) со натпреварот во Гевгелија каде екипата на Бест, која досега нема победа, го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Претходно беа одиграни две средби од оваа рунда: Куманово – Кожув 80:83, Карпош Соколи – Работнички 87:64.
Табела: Карпош Соколи 13 бодови, МЗТ Скопје А 11, Фени Индустри 11, Кожув 11, Куманово 10, Работнички 10, Струмица 9 и Бест 6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
