-->
-->
Прва лига: Работнички домаќин на МЗТ Скопје
-->
Големото градско дерби од 17.коло во Првата македонска кошаркарска лига, меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра вечерва со почеток од 19 часот во салата „Градски парк“.
Иако шампионот МЗТ Скопје ја има улогата на голем фаворит сепак, кога се во прашање натпреварите меѓу овие две екипи се е можно.
Во досегашните три средби, две во првенството и една во финалето на Супер купот, бранителот на титулата МЗТ Скопје забележа три победи и ја оправда улогата на фаворит. Сепак, натпреварите во домашниот шампионат МЗТ ги доби многу потешко од очекувањата, единствено лесно и убедливо славеше во финалето во Супер купот.
Искусниот тандем на домаќините Мираковски - Чековски со поддршка од трибини ќе атакува на првиот сезонски триумф и изненадување во дуелите со вечниот ривал од Аеродром.
Ова ќе биде и увертира на претстојната завршница во Купот на Македонија која ќе се одржи во Гевгелија од петок до недела.
На претходно одиграните натпревари од ова коло, Фени Индустри убедливо го победи Бест со 93:74, Кожув славеше на гостувањето кај Струмица со 90:74, исто како и Куманово кој во Скопје беше подобар од Карпош Соколи со 94:90.
Табела:
МЗТ Скопје Аеродром 15-1 (победи-порази),
Карпош Соколи 13-4,
Куманово 12-5,
Фени Индустри 10-7,
Кожув 8-9,
Работнички 6-10,
Струмица 3-14 и
Бест 0-17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ