Фудбал
17. September 2016 - 11:28

Прва лига: Пелистер гостува на Чаир кај Шкупи

Со натпреварот Шкупи – Пелистер денеска од 15 часот и 30 минути на стадионот „Чаир“ во Скопје ќе стартува шестата рунда од Првата македонска фудбалска лига. Четири натпревари од оваа рунда се играат утре. Дербито е на „Филип Втори“ во Скопје каде лидерот Вардар е домаќин на второпласираниот Работнички.
 
Двојки за 6.коло од ПМФЛ:
Шкупи – Пелистер,
Вардар – Работнички,
Силекс – Ренова,
Победа – Брегалница и 
Шкендија - Македонија ЃП.
 
Табела: Вардар 13 бода, Работнички 12 бода, Пелистер 10, Ренова 8, Силекс 7, Шкендија 7 (натпревар помалку), Победа 3, Шкупи 2 (натпревар помалку), Македонија ЃП 2, Брегалница 2.