-->
-->
Прва лига: Карпош Соколи стигна до нов триумф
-->

Екипата на Карпош Соколи го победи Фени Индустри со 86:80 вечерва на гостувањето во Кавадарци во претпоследниот натпревар од 12.коло од Првата македонска кошаркарска лига.
За гостите од Скопје ова беше 10.триумф и се првиот тим со двоцифрен број победи.
Предводник во победата на Карпош Соколи беше Душан Кнежевиќ со 21 поен, додека најефикасан во домашниот состав и воедно на натпреварот беше Кирил Николовски со 25 поени.
На другите две средби од оваа рунда:
Кожув – Бест 82:69,
Куманово – Струмица 94:53.
Колото ќе се комплетира в среда со вечното дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Карпош Соколи 22 бода (12 натпревари), МЗТ Скопје 19 (10), Куманово 19 (12), Кожув 18 (12), Фени Индустри 17 (11), Работнички 16 (11), Струмица 15 (12) и Бест 12 (12).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
