Прва „Кирилица“ во новата сезона на Македонската филхармонија
Македонската филхармонија задутре во Домот на АРМ ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Кирилица“ во новата сезона.
Публиката ќе има можност да слушне две дела од припадници на различни генерации македонски музички творци - „Диверзија“ од Кирил Македонски со кое се прославува 90 години од раѓањето на авторот на првата македонска опера, како и премиерната изведба на „Исон“ од младата и афирмирана композиторка Валентина Велковска-Трајановска.
Под диригентство на Борјан Цанев, изведени ќе бидат и две дела од Моцарт - Симфонијата „Париска“ и Симфонијата кончертанте за дувачи во Ес-дур, на која како солисти ќе се претстават водачите во оркестарот на Македонската филхармонија, Владимир Лазаревски, обоа, Здравко Ангелов, кларинет, Џијан Емин, хорна и Ванчо Стојановски, фагот.
Сите четворица зад себе имаат завидна концертна кариера. Владимир Лазаревски студирал обоа на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што завршил додипломски и постдипломски студии. Во 2004 година добива стипендија за студии на Музичката академија „Лонџи“ во Бостон (САД), каде што го продолжува своето образование и растеж во изведбата на обоа и камерна музика. Во 2009 година се здобива со МБА-диплома од Институтот „Курт Бош“ од Сион, Швајцарија. Од февруари 2012 година.
Лазаревски има титула доктор по музика и наука од Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Добитник е на многу награди и учествувал на повеќе работилници и семинари со еминентни обоисти и музичари. Џијан Емин дипломирал на инструментот хорна на Факултетот за музичка уметност. Зад себе има огромно професионално искуство како композитор и како мултиинструменталист. Тој е прв хорнист-гостин на Белградска филхармонија и прв хорнист на оркестарот „Но бордерс“. Моментно е на студии по диригирање на ФМУ и како диригент досега има настапувано со Македонската филхармонија, Фламанскиот симфониски оркестар - Белгија, Оркестарот Ламоро - Франција и со Детроитскиот симфониски оркестар.
Здравко Ангелов ги завршува студиите во 2000 година на Факултетот за музичка уметност, а магистрира во 2012 година. Добитник е на повеќе награди на натпревари во земјите од поранешна Југославија. Како солист, камерен музичар, со симфониски оркестри, но и како постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“, Ангелов настапувал на значајни фестивали во државата и надвор од неа. Повеќепати настапувал и како солист со Македонската филхармонија.
Ванчо Стојановски (1967) дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Љубљана, во класата на проф. Божидар Тумпеј. Од 1992 година е редовно вработен во Македонската филхармонија како прв фаготист. Освен на редовните концерти со Македонската филхармонија, Стојановски настапува и во дует со фаготистот Зоран Митев, со Македонскиот Дувачки квартет, како и во други камерни ансамбли.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење