Прва годишна конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.
Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени“.
Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор ќе одржи министерот за финансии Драган Тевдовски.
На првата панел дискусија „Добро буџетирање - градење на рамките, поставување на правилата, подигнување на транспарентноста“, главен говорник ќе биде Линда Ван Гелдер од Светска банка, а како панелисти се најавени и премиерот Заев и министерот Тевдеовски.
Втората панел дискусија е насловена „Предизвиците на фискалната политика во Македонија - некогаш и сега“, а панелисти се поранешните министри за финансии, академик Таки Фити, Петар Гошев, Никола Поповски и Трајко Славевски.
Првиот Буџет на РМ е донесен на 2 април 1992 година.
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница