Прва АТП титула за Чехот Махач
Чешкиот тенисер Томаш Махач е победник на АТП 500 турнирот во Акапулко што се играше за награден фонд е 2,64 милиони евра.
Во финалето рано утрово, 24-годишниот Чех го победи една година повозрасниот Шпанец Алехандро Давидович Фокин со 7-6 (6), 6-2 за еден час и 38 минути игра.
Ова е првиот трофеј на АТП турнирите за олимпискиот победник во мешани двојки од Париз. Претходно, Махач имаше едно АТП финале во кариерата, кога лани во мај во Женева загуби од Норвежанецот Каспер Руд.
Со освојувањето на турнирот во Мексико, Махач ќе се пласира во првите 20 на АТП-листата за прв пат во својата кариера.
Од друга страна, Шпанецот Давидович засега останува без титула на највисоко ниво, откако го загуби своето трето финале. Пред две недели во финалниот меч во Делреј Бич беше поразен од Србинот Миомир Кецмановиќ, а загуби и во финалето на Мастерсот во Монте Карло 2022 година од Гркот Стефанос Циципас.
Ново на Сител
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
Во Прилеп 10-годишно девојче прегазено од нејзиниот 7-годишен брат
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари