Македонија
19. May 2025 - 8:20

Прв состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска во „Европска Куќа“ го организира првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА), кој има за цел да поттикне инклузивен и транспарентен дијалог за спроведувањето на реформските процеси во државава.

Состанокот е организиран во соработка со Министерството за европски прашања (МЕП), а воведни обраќања ќе имаат  Орхан Муртезани, министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ и Бен Нупнау, заменик-шеф на мисија во Делегацијата на ЕУ.

По јавната сесија, партнерите ќе одржат затворен состанок за следните чекори во реализацијата на реформските процеси. 

Националниот консултативен механизам е дел од тригодишниот регионален проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, кој го води ЕПИ во партнерство со мрежата „Мисли за Европа“ и е финансиран од Европската Унија.