Прв случај на заболен со коронавирус во Тетово
Маж од Тетово на 69 годишна возраст е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирус, изјави денес д-р Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје при посетата на Тетовскиот центар за јавно здравје. Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.
-Сношти е утврдено дека маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово. Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, рече Мемети.
Во Тетово досега се направени над 30 тестови.
-Тестовите се прават во на Институт за јавно здравје Скопје во лабораторија за вирусологија и дијагностика. Во моментов тука имаме пет пункта за рурални места, се земаат епидемиолошки анкети, вклучени се и матични лекари, рече Мемети.
Тој заедно со претседателот на комисија за заразни болести д-р Жарко Караџовски се сретнаа со директорите на Центарот за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.
-Задоволни сме од пристапот на тетовските установи. Апелираме граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките на Светската здравствена организација и да се прават тестови на сомнителни случаи по индикација, рече Мемети.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени